(ВИДЕО) Немири на турнејата на Меси во Индија: Незадоволните навивачи фрлаа столчиња на теренот

Од:

Навивачи во Индија предизвикаа немири на стадионот „Солт Лејк“ во Калкута, фрлајќи столчиња и други предмети на теренот за време на посетата на аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, незадоволни што не можеа да се приближат и подобро да го видат, објави АНИ.

Меси, аргентински напаѓач и член на Интер Мајами, го посети стадионот како дел од неговата турнеја што вклучува концерти, младински фудбалски клиники и добротворни настани во Калкута, Хајдерабад, Мумбаи и Њу Делхи.

Според извештаите, Меси шетал низ теренот, мавтајќи им на навивачите, но бил опкружен со голема група луѓе и го напуштил стадионот 20 минути по пристигнувањето. Настанот не помина како што се очекуваше, туку со немири од страна на навивачите кои беа незадоволни од организацијата, фрлајќи столчиња на теренот и качувајќи се преку заштитните огради во знак на протест. Многу навивачи не можеа да го видат светскиот шампион поради толпата, а тој се шеташе низ стадионот, заедно со своите соиграчи Луис Суарез и Родриго де Пауло, само околу 20 минути со поголема група луѓе во која имаше политичари и обезбедување. Билетите за настанот чинеа помеѓу 50 и 100 евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар проголта ноќен клуб во Индија, најмалку 25 мртви

Го претепаа до смрт поради гласини дека јаде говедско месо – владата во Индија го прекинува судењето

А1он

Најмалку деветмина загинаа, а 29 се повредени во експлозија во полициска станица во Индија

Германија сака да биде центар за производство на лекови

Страшна несреќа во Индија: Автобус се запали после сообраќајка, загинаа најмалку 25 лица

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски