Екипата на Барселона славеше победа над Олимпијакос во последниот натпревар од 5. коло во Евролигата, со што сега веќе нема непоразен тим во елитното кошаркарско натпреварување.
На средбата одиграна синоќа во Барселона, шпанскиот тим го победи Олимпијакос со 73-51. За Барселона ова беше само втора победа во новата сезона на Евролигата.
Тешка победа оствари московска ЦСКА која со 94-91 го совлада Жалгисрис, додека Анадолу Ефес и натаму не може да победи. Турската екипа го претрпе и петиот пораз, овојпат пред домашната публика од Уникаха со 74-79.
Потсетување дека во оваа рунда првиот пораз го претрпе и Реал кој во Мадрид загуби од Химки со 80-86.
Сепак и по петтото одиграно коло, Реал и Олимпијакос се на првите две позиции на табелата со четири победи и еден пораз, идентичен скор како и ЦСКА Москва и Химки.