Гиљермо Џонс стана шампион на светот во крузер категорија (WBA), откако по 11 рунди неверојатна борба го порази актуелниот шампион Денис Лебедев.
Џонс практично му го унакази лицето на рускиот боксер, па судијата во 11-та рунда беше приморан да го прекине мечот поради тешката повреда на окото на Лебедев.
Неверојатно е како рускиот боксер успеа да издржи дури 11 рунди, иако прими серија брутални удари во главата.