На рагби натпревар во Германија меѓу домаќините и гостите од Русија наместо руската беше интонирана химната на Советскиот Сојуз.
Кога на разгласот беше пуштена советската химна поголем дел од руските репрезентативци почнаа да го пеат текстот на химната на Руската Федерација. Мелодијата на двете химни е иста.
Русија и покрај гафот на домаќините убедливо ја совлада Германија со 57:3.