На тренинг пред Superbike трката во Арагон, домашниот возач Хавиер Форез преживеа моменти на страв кога неговиот Дукате се запали на сред возење.
Моторциклизмот е опасен спорт и низ историјата сме сведоци на многу трагични несреќи.
Возачите се најзагрозени кога паѓаат од моторите пред тркалата на нивните конкуренти, но инцидентот кој што му се случи на Форес во Арагон е доказ дека работите можат да станат опасни и додека седат на моторот.
Имено, во текот на тренингот пред престојната трка во Арагон на Форес му се запали моторот. Шпанецот не се снајде најдобро во таа ситуација и прекасно скокна од моторот па го зафати огнот.
За среќа, тој успеа да се извлече без потешки повреди, со мали изгореници.