Репрезентацијата на Мексико е олимписки шампион во фудбал. Денеска на Вембли ја освоија својата прва олимписка титула.
Со двата погодоци на Пералата го совладаа Бразил, кој само го ублажи поразот на крај преку Хулк во судиското надополнение.
Сепак мала утеха за Бразил е тоа што најдобриот стрелец е нивниот Леандро Дамиао, а Бразилците сепак ќе почекаат уште најмалку 4 години за титулата, кога ќе бидат домаќини во Рио.