(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Од:

Вознемирувачка сцена се случи на натпреварот помеѓу холандската и унгарската фудбалска репрезентација, кога член на унгарската екипа падна во близина на трибините и почна да се тресе набргу по почетокот на натпреварот.


На член на стручниот штаб на гостинскиот тим му се слоши, па дури и беше реанимиран.

На директниот пренос не беше јасно за кого се работи, но беше јасно дека некој падна, целото тело почна да се тресе, додека остатокот од стручниот штаб направи круг околу него и ја спречи јавноста и камерите да го видат тоа .

Според информациите на унгарските портали, станува збор за легендарниот унгарски фудбалер Адам Салај, кој неодамна замина во пензија.

Унгарецот беше изнесен на носилки, а 10 минути се дебатираше дали да продолжи натпреварот.

На крајот беше донесена одлука мечот да продолжи, а веќе во десеттата минута Вегорст и донесе предност на Холандија од пенал.

Би можело да ве интересира

Орбан: Брисел се подготвува за војнa

Орбан: Европската Унија денес е лав без заби, без ресурси и автономна сила

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Сијарто: Унгарија не го поддржа новиот пакет помош на ЕУ од 20 милијарди евра за Украина

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Орбан: Злосторство е Унгарија да се откаже од својот став да остане надвор од војната во Украина

Горан Наумовски