ВИДЕО: Комична ситуација во Србија – фудбалер глумеше дека е повреден за да заврши мечот

Од:

Гледачите кои дошле да го следат натпреварот од нижите српски лиги меѓу тимовите на Врело и Спартак од Љиг, буквално немале што да видат.

Гостинската екипа на Спартак допатувала со само седуммина играчи, колку што според правилата е минимумот за еден тим да може да го започне натпреварот.

По само неколку секунди, еден од седумтемина фудбалери на Спартак падна како покосен на тревата и остана неподвижен, очигледно глумејќи повреда. Судијата, откако го праша дали може да го продолжи мечот и доби негативен одговор, немаше избор освен да свири крај на натпреварот.

Службените три бода одат кај тимот на Врело, инаку екипа во која своите први фудбалски чекори ги направил српскиот интернационалец и репрезентативец Немања Матиќ.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград