(ВИДЕО) Ќе има истрага: Како хулиганите ја поминале цела Грција и стигнале до Атина

Од:

Ќе биде покрената внатрешна истрага за постапките на грчката полиција по насилните инциденти меѓу навивачите на Динамо Загреб и грчките навивачи во кои загина едно лице, јавува грчката агенција АНА. И покрај забраната на УЕФА за движење на навивачите, меѓу 100 и 200 навивачи на Динамо Загреб се појавија доцна во понеделникот во близина на стадионот на АЕК, каде се собраа навивачите на АЕК, соопшти грчката полиција.

Судирите избија повеќе од еден час по завршувањето на тренингот на гостите. Откако тимот го напушти стадионот, навивачите од двете страни фрлаа ракети, импровизирани експлозиви и камења. Нејасно е како толку голема група навивачи успеала да ја помине целата земја и да стигне до Атина без автомобилите никаде да бидат запрени од полициски сили кои знаеле за забраната за организирано движење на навивачите.

Судирите избувнаа откако навивачите на Динамо, и покрај забраната за движење на навивачите од Хрватска до стадионот на АЕК, успеаја со автомобили да стигнат до Атина каде ги пречекаа навивачите на Панатинаикос на станицата Ирене, од каде со возот на метрото на линијата 1 до Пефкакија и пешачеле до стадионот на АЕК во за да ги нападнат навивачите на АЕК, пишува АНА.

Полициските сили за интервенција на МАТ веќе биле мобилизирани, но пристигнале по ерупцијата на насилство во која навивач на АЕК беше избоден со нож и набрзо потоа им подлегна на повредите. Полицијата соопшти дека бил повреден со остар предмет во раката и починал од неконтролирано крварење.

Полицијата соопшти дека во врска со инцидентите се приведени 98 лица, од кои 84 хрватски државјани, еден Австриец, еден Босанец, еден Албанец, еден Германец и двајца Грци. Во немирите се повредени уште осум лица кои се во болницата. Натпреварот од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо беше одложен поради инцидентите.

На состанокот за безбедносните мерки закажан за вторник наутро, АЕК соопшти дека за она што се случило во текот на ноќта ги сметаат за виновни заедно Динамо Загреб и грчката полиција. Претставниците на клубот го напуштија состанокот бидејќи, како што изјавија, им било „непријатно да учествуваат“.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ