Шампионите Марк Гасол и Рики Рубио се најдоа во идеалната петорка на Светското во кошарка во Кина. Друштво на двајцата Шпанци им прави по еден претставник од Франција, Србија и Аргентина, имено Еван Фурние, Богдан Богдановиќ и Луис Скола.
Рубио го заврши првенството со просек од 16,4 поени, 6,0 асистенции и 4,6 скока по натпревар. Гасол забележа 14,4 поени, 5,5 скока, 4,1 асистенции, 1,1 украдени топки и 1,1 блок.
Богдановиќ, кој заврши како топ-реализатор на турнирот, имаше статистика од 22,9 поени, 4,4 асистенции и 4,1 скок, а индикаторите на Фурние беа 19,8 поени, 3,8 скока, 3,0 асистенции и 0,9 украдени топки.
Скола, пак, блескаше со 17,9 поени, 8,1 скок и 1,8 асистенции, иако на 39-годишна возраст.
With you, the FIBA Basketball World Cup 2019 All-Star 5!
⭐️ Bogdanovic (@LeaderOfHorde) ??
⭐️ @EvanFourmizz ??
⭐️ @ruuufio ??
⭐️ @MarcGasol ??
⭐️ @LScola4 ??#WorldGotGame #FIBAWC pic.twitter.com/WcdwNT4zq5— Basketball World Cup (@FIBAWC) September 15, 2019