Хрватскиот боксер Кристан Радан за време на мечот го удри судијата кој тргна да ги раздвои него и противникот.
Иако ударот беше силен, сепак судијата само малку се заниша но остана на нозе. После почетната збунетост на сите присутни околу рингот, следеше дисквалификација на боксерот од Хрватска.