(ВИДЕО) Хорор сцена од Мундијалот: Донарума му ја скрши ногата на Мусијала

Од:

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусијала заработи сериозна повреда на ногата.

Младиот германски репрезентативец, еден од клучните играчи на минхенскиот клуб, беше сериозно повреден по судирот со Џанлуиџи Донарума, голманот на ПСЖ.

Инцидентот се случи на самиот крај од првото полувреме кога Мусијала се обиде да ја стигне топката во противничкиот шеснаесетник. Во обид да интервенира, Донарума се лизна зад грбот на Мусијале и падна со целата тежина на ногата.

Иако немаше лоша намера, контактот беше исклучително незгоден, а реакциите на теренот веднаш наговестија за сериозноста на ситуацијата. Мусијала остана да лежи во болка, а првите прегледи покажаа скршена нога.

Гледајќи ги последиците од судирот, Донарума беше длабоко потресен и плачеше на теренот, додека неговите соиграчи, како и ривалите од Баерн, останаа во шок. Судијата веднаш ја прекина играта, а медицинскиот тим реагираше брзо.

Атмосферата на стадионот стана мрачна, а крајот на полувремето беше дочекан без поголеми емоции и без голови.

Патем, Баерн беше блиску до водство неколку минути пред повредата. Дајот Упамекано ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд по проверката на ВАР. Првото полувреме заврши со резултат 0:0, но во сенка на сериозна повреда на еден од најталентираните играчи на денешницата.

Би можело да ве интересира

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

Иранскиот министер за спорт: Нема да играме на Светското првенство во фудбал

А1он

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ