ВИДЕО: Хонда го претстави моделот Сивик Туриер

Од:

Хонда објави официјални фотографии од својот модел Сивик Туриер, кој ќе биде официјално претставен на есенскиот Саем на автомобили во Франкфурт.

Автомобилот се очекува во продажба да се најде кон почетокот на идната година.

Сивик Туриер доаѓа со багажен простор од дури 1.668 литри, со што избива на прво место во својата класа по понудата на корисен багажен простор.

civikTurier1

Новата караванска изведба на Сивик може да се добие и со системот „Меџик Ситс“, кој со само еден потег ги преклопува задните седишта.

Моментално Хонда нуди два мотори, од кои еден четирицилиндарски 1,6 литарски дизел и-ДТЕЦ мотор со 120 коњски сили и 1,8 литарски бензински мотор и-ВТЕЦ мотор со 142 коњски сили.

civikTurier2

Новата Хонда Сивик Туриер ќе се произведува во погоните на компанијата во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска