ВИДЕО: Хезоња го блокираше Леброн во последните секунди за победа на Њујорк

Од:

Леброн Џејмс одигра силен меч, но Лос Анџелес Лејкерс дозволи трет последователен и вкупно триесет и деветти пораз за сезоната. „Езерџиите“ беа поразени на гостувањето во „Медисон Сквер Гарден“, а Њујорк триумфира со 124:123, откако Марио Хезоња го блокираше последниот шут на „кралот“ и така го обезбеди успехот на Никс.

Леброн постигна 33 поени, со 8 асистенции и 6 скока, а Кајл Кузма реализира 18 поени и 8 асистенции. Реџи Булок со 14 и Џонатан Вилијамс и Џавеил Мекги со по 12, исто така се претставија добро за гостите од Калифорнија.

Емануел Мудиеј беше најпрецизен за победниците со 28 поени и 8 асистенции, а ДеАндре Џордан наметна вистинска доминација со 15 поени, 17 скока, 7 асистенции и по еден блок и одземена топка. Демијан Дотсон со 25 поени, Хезоња со 17 и Кевин Нокс со 19 направија така што целата стартна петорка на домаќините да заврши со двоцифрени поединечни показатели.

СуперМарио имаше и 8 скока, одзеде 2 топки даде 1 асистенција и го блокираше потенцијалниот победнички шут на Леброн со единствеиот блок на мечот.

За Њујорк, ова е само четиринаесетта победа за сезоната.

Резултати од НБА:

Њујорк – Л.А. Лејкерс 124: 123
Мајами – Шарлот 93:75
Милвоки – Филаделфија 125: 130
Детроит – Торонто 110: 107
Орландо – Атланта 101: 91
Сакраменто – Чикаго 129: 102
Лос Анџелес клиперс – Бруклин 119: 116
Хјустон-Минесота 117: 102

Пласман по дивизии:

Источна конференција:

Атлантик дивизија: Торонто 49 победи / 21 порази, Филаделфија 45/25, Бостон 43/27
Централна дивизија: Милвоки 52/18, Индијана 44/26, Детроит 36/33
Југоисточна дивизија: Мајами 33/36, Орландо 33/38, Шарлот 31/38

Западна конференција:

Северозападната дивизија: Денвер 46/22, Портланд 42/27, Оклахома 42/28
Пацифик дивизија: Голден Стејт 47/21, Лос Анџелес Клиперс 41/30, Сакраменто 34/35
Југозападна дивизија: Хјустон 44/26, Сан Антонио 41/29, Њу Орлеанс 30/42.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он