ВИДЕО: Харден со 42 поени во петтата последователна победа на Хјустон

Од:

Џејмс Харден заврши со 42 поени, 7 скока и 4 асистенции и помогна на Хјустон да запише петта последователна победа во НБА по 115:104 во салата на Бостон.

Ерик Гордон даде 32 поени, а Крис Пол реализира 15 поени и 12 асистенции за успехот.

Ѕвездата на „келтите“, Кајри Ирвинг беше најдобар за домаќините со 24 поени, 9 скокови и 6 асистенции, но тоа не беше доволно за конечен успех.

Детроит пак го победи лидерот на Атлантската дивизија, Торонто со 112:107 по продолжението.

Редовното време заврши со 100:100, а Марк Гасол пропушти да го донесе успехот на гостите со сирената.

Домаќините го завршија дополнителното време со серија 10:0 и конечно стигнаа до успехот. Блејк Грифин беше најпрецизен со 27 поени и 7 скока, Лук Кенард и Реџи Џексон постигнаа по 19 поени, а Андре Драмонд се истакна со 15 поени и 17 скока.

За гостите, Кајл Лори беше најдобар со 35 поени.

Резултати од НБА:

Шарлот – Портланд 108:118
Бостон – Хјустон 104:115
Чикаго – Атланта 118:123
Клиперс – Њујорк 128:107
Кливленд – Орландо 107:93
Детроит – Торонто 112:107 по продолжение
Вашингтон – Миннесота 135:121
Оклахома Сити – Мемфис 99:95.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он