(ВИДЕО) Големо реми (1-1) на Македонија против фаворитот Белгија

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија освои значаен бод одигрувајќи 1-1 против големиот фаворит Белгија, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со ова реми, Македонија сега има пет бодови и се наоѓа на втората позиција во групата, зад Велс кој има седум, по победата од 3-0 над Лихтенштајн.

Гостите од Белгија дојдоа до водство во 29. минута преку Максим де Кујпер, кој од непосредна близина ја смести топката во мрежата по блокираниот шут на Лукаку. Само две минути претходно, Македонија имаше огромна шанса – прво Елмас ја погоди стативата со силен удар од 25 метри, а веднаш потоа Алиоски ја погоди спротивната статива.

Во второто полувреме, Македонија постигна гол уште во 48. минута преку Елмас, но по ВАР проверка голот беше поништен поради офсајд на Бојан Илиевски, кој го попречувал видикот на голманот Селс. Белгија возврати во 70. минута преку Раскин, кој ја погоди стативата по уфрлување на Доку.

Македонија не се откажа и продолжи да атакува, а наградата стигна во 87. минута кога Алиоски постигна прекрасен гол од волеј по асистенција од Чурлинов, носејќи израмнување и голема радост кај навивачите.

Со ова реми, Македонија останува непоразена и ја продолжува битката за пласман на Мундијалот. Следен предизвик за нашата селекција е гостувањето кај Казахстан во Астана, во понеделник.

ФОТО: ФФМ страница на ФБ

Би можело да ве интересира

Закон за пушење vs Закон за игри на среќа

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Ѓорѓиевски: Воведуваме ред, безбедност и модерен сообраќај – градот Скопје ќе има клучна улога во Сејф Сити системот

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари