Британскиот голфер Рори Мекилрој направи голем гест кога на гледачот кој го удри со топче му подари ракавица со негов потпис.
Се се случи на 15 дупка на отвореното првенство на Ланкашир, кога топчето кое го удри Рори Мекилрој го погоди во глава 16 годишниот Џејсон Блу.
На Блу веднаш му беше укажана помош, а потоа притрча и Рори кој му се извини и му подари ракавица на која пишуваше „извини“.