Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, со вечерашниот триумф над Шпанецот Павло Карењо Буста, стигна до полуфиналето на Отвореното првенство на Франција, популарниот „Ролан Гарос“ во Париз.
Србинот славеше со 3:1 во сетови, а до својата 73-та победа на престижниот турнир сепак не стигна толку лесно – на почетокот на мечот се жалеше на вкочанетост во вратот, а и го загуби првиот сет со 6:4.
Сепак, најдобриот светски тенисер во продолжението од мечот играше сигурно и стабилно, па во трите сета му препушти на Шпанецот вкупно девет гема.
Со оваа победа, Ѓоковиќ се избори за своето десетто полуфинале на турнирот, а притоа и ги помина Крис Еверт и Аранча Санчез – Викарио и изби на третото место на листата на тенисери со најмногу триумфи на „Ролан Гарос“ во историјата.
Само Рафаел Надал (98-2) и Штефи Граф (84-10) сега имаат подобар скор на гренд слемот во Париз од Новак Ѓоковиќ (73-14).
Српскиот тенисер во петок ќе игра за пласман во финалето против Гркот Стефанос Циципас, а во второто полуфинале, утре се среќаваат Надал и Аргентинецот Шварцман.