Унијата на професионални тенисери АТП направи анкета меѓу најдобрите играчи за да ги изберат најголемите противници во нивните кариери.
Роџер Федерер не беше дел од анкетата, затоа што не игра неколку месеци, но Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Доминик Тим, Александар Зверев, Данил Медведев одговорија на прашањето.
Надал започна прв и го избра Федерер.
– Веројатно е Роџер. Кога започнав на турнирите, Федерер беше најдобар во светот. Од почетокот на мојата кариера одевме заедно во иста насока, објасни Шпанецот.
Ѓоковиќ како негов најголем ривал го издвои Надал.
– Надал – беше краток и јасен Новак, кој во својата кариера одигра дури 28 финалиња со шпанскиот тенисер.