Франција и Англија одиграа нерешено 1:1 во Д групата што беше еден од дерби мечевите во првото коло на ЕП.
Головите постигнати во првото полувреме, поведе Англија преку Лескот во 30. минута, а само 9. минути подоцна Насри израмни на 1:1.
Ова беше еден добар натпревар во кој посериозните шанси ги имаше Франција која според можностите што ги создаде на средбата беше поблиску до победа.
Вечерва во Д групата се среќаваат Украина и Шведска со што ќе се комплетира првото коло во фазата по групи.