ВИДЕО: „Форд“ се извини поради реклама со Берлускони и девојки

Од:

Огранокот на компанијата „Форд“ во Индија вчера официјално се извини поради тоа што во една реклама за нов автомобил се појавува поранешниот премиер на Италија, Силвио Берлускони.

На рекламата-цртеж за новиот „Форд Фиго“, се гледа како Берлускони седи на местото на возачот и задоволно се смее, додека во гепекот седат три врзани сексипилни девојки.

Под сликата стои натпис „Заборавете на проблемите со новиот фордов екстра голем гепек“.

Иако рекламата не е користена во официјална рекламна компања, се најде на интернет страниците, по објавување на рекламна агенција која работи за Форд Индија.

Официјални лица од „Форд“ соопштија дека им е жал поради рекламата која е спротивна на стандардите и професионализмот на компанијата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on