ВИДЕО: Ечат македонски песни во Палермо, градот прекирен со знамиња и извици за поддршка на Македонија

Од:

Над петстотини навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација од попладнево се во Палермо. Таму утревечер ќе се одржи бараж натпреварот за пласман на Македонија на Светското првенство во фудбал. До неговото одржување, сите кои заминаа да ги поддржат репрезентативците со пиво и песна се загреваат низ пабовите. Од „Излези момче“ и „Земјо македонска“ до „Македонско девојче“, се пее низ улиците на италијанскиот град. Македонски знамиња, се вејат насекаде.

Дел од Македонците кои ќе ги бодрат фудбалерите на трибините заминаа со автомобили преку Албанија од Драч па со фериброд. Други, изминативе два дена отпатуваа со чартер летови. Меѓу присутните во Палермо има и познати личности од Македонија, како и политичари.

Инаку, фудбалската репрезентација на Македонија го одржа официјалниот тренинг на стадионот “Ренцо Барбера”. Селекторот на Италија, Роберто Манчини, вели дека Македонија воопшто не е лесен ривал и неговата селекција ќе мора да даде максимум за да ги елиминира „црвено-жолтите“.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски