Во неверојатно возбудлив меч вечерва во Париз, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата ментална цврстина и по безмалку четири часа, успеа да го совлада жилавиот Грк Стефанос Циципас, скршувајќи го неговиот отпор во петтиот, решавачки сет.
A fifth final in Paris!
In just over four hours, @DjokerNole survives Stefanos Tsitsipas 6-3 6-2 5-7 4-6 6-1 to earn the right to play for a second title at #RolandGarros pic.twitter.com/FxF2jZ11DX
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 9, 2020
Мечот, кој изобилуваше со одличен тенис и многу незаборавни потези и поени, започна одлично за Ѓоковиќ, кој поведе со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2).
Just like he planned it@DjokerNole #RolandGarros pic.twitter.com/1vTNWKuE4d
— Roland-Garros (@rolandgarros) October 9, 2020
Изгледаше дека српскиот тенисер ќе има лесна задача против Циципас, кој делуваше како исплашен од важноста на мечот и од големиот противник.
Но, веќе во третиот сет, Гркот, кој се бореше за своето прво гренд слем финале, покажа зошто е во светскиот врв и го доби со 7:5. Слично се одвиваше и четвртиот сет, кој Циципас го освои со 6:4 и го израмни мечот – 2:2.
Сепак, искуството и умешноста на светскиот рекет број еден му донесоа брејк во четвртиот гем од одлучувачкиот сет – Ѓоковиќ поведе со 3:1, а младиот предизвикувач остана без освоен гем до крајот на сетот и мечот – 6:1.
Ѓоковиќ, кој досега има една титула на „Ролан Гарос“, ќе го игра своето петто финале на турнирот. „Џокерот“ Ноле годинава има скор 16-1 на гренд слем турнирите, а единствениот меч што го загуби е дисквалификацијата на УС Опен.
Таму Србинот ќе ги одмери силите со својот стар ривал, Рафаел Надал. Шпанецот е во феноменална форма во Париз, каде има неверојатни 31 победа во низа, а ова ќе биде негово четврто финале по ред на турнирот, кој го има освоено рекордни 12 пати.
Финалниот дуел во недела во 15 часот ги исполнува сите предуслови да биде уште една епска битка меѓу двете тениски легенди.