ВИДЕО: Драма во Лигата на шампионите, Порто со десет играчи „преживеа“ продолженија и го испрати Јувентус дома

Од:

Екипата на Порто одигра херојски натпревар вечерва во Торино и иако околу 70 минути имаше играч помалку, успеа да го елиминира фаворитот Јувентус, поради правилот на гол повеќе постигнат на гостински терен. Порто загуби со 3:2, но постигна клучен гол во продолженијата, кој му овозможи вкупна гол разлика 4:4 и пласман во следната рунда.

„Старата дама“ беше со играч повеќе од 54-та минута, кога беше исклучен Мехди Тареми.

Јувентус успеа само да стигне до пресврт за 2:1, со голот на Федерико Кјеза, но тој резултат беше доволен само за продолженија, во кои Серџо Оливеира со ефектен гол од 30 метри во 115 минута му обезбеди на својот тим место во четвртфиналето.

„Старата дама“ имаше шанса да стигне до потребниот гол во завршницата, откако Адриен Рабио претходно погоди за ново водство од 3-2, но фудбалерите на италијанскиот тим немаа сили за подвиг.

Екипата на Борусија Дортмунд е вториот четвртфиналист во овогодишното издание на Лигата на шампиони, откако вечерва одигра 2:2 на домашен терен и ја задржа предноста од првиот натпревар.

Германската екипа пред три недели победи во Севиља со 3:2, благодарение на двата гола на Ерлинг Халанд, кој и во реваншот двапати се запиша во листата на стрелци (35 и 54 од пенал).

Шпанскиот тим до крајот успеа само да избегне пораз, со двата гола на Јусуф Несири, во 69 минута од пенал и во шестата минута од судиското продолжение.

На вториот реванш осминафинален натпревар вечерва, се играат продолженија, откако Јувентус со 2:1 по 90 минути ја анулираше негативата од Порто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он