Словенечкиот кошаркар и член на Реал Мадрид, Лука Дончич со само 18 години поставува рекорди на европската сцена.
Тој синоќа на средбата од Евролигата со Армани Милано, стана најмладиот играч со индекс на корисност поголем од 40.
Дончич постигна 27 поени, оствари осум скока, додаде пет асистенции и имаше три украдени топки. На крајот, индексот на корисноста на Словенецот изнесуваше 41.
Досегашниот рекорд го држеше црногорскиот центар Никола Пековиќ (Партизан) кој во 2007 година со 21 година собра 40 инд. поени во триумфот над Барселона.