ВИДЕО: Детроит сигурен на гостувањето против Торонто

Од:

Екипата на Детроит постигна уште една победа во НБА лигата, откако ноќеска славеше на теренот на Торонто со 114:111.

Триото Брендон Џенкинс, Андре Драмонд и Грег Мур се најзаслужни за деветтиот триумф на последните 10 натпревари за Детроит.

Тројцата кошаркари имаа „дабл-дабл“ учинок. Џенкинс имаше 34 поени и 10 асистенции, Драмонд 10 поени и 14 скока, а Мур 22 поена и 10 скока. Во победата свој придонес имаа и играчите од клупата Џоди Микс и Џонас Џеребко, кои постигнаа 13 односно 10 поени.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Бостон – Њу Орлеанс 108:100, Чикаго – Орландо 114:121 и Бруклин – Хјустон 99:113.

Вечерва се играат натпреварите: Индијана – Минесота, Филаделфија – Атланта, Вашингтон – Сан Антонио, Феникс – Кливленд, Јута – Голден Стејт, Сакраменто – Далас и ЛА Лејкерс – Мајами.

Пласман Источна конференција: Атланта 29-8 (победи-порази), Торонто 25-12, Вашингтон 25-12, Чикаго 26-13, Милвоки 20-19, Кливленд 19-19,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 29-5, Портланд 30-8, Хјустон 27-11, Мемфис 26-11, Далас 26-12, ЛА Клиперс 25-13, Сан Антонио 23-15, Феникс 22-18,…

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он