Полската репрезентација игра многу лошо во последно време, а навивачите на оваа селекција главниот виновник за тоа го гледаат во селекторот Фернандо Сантош, чие однесување на синоќешната прес-конференција привлече големо внимание.
Полјаците вчера претрпеа пораз од 2:0 на гостувањето во Албанија, ставајќи се во незгодна позиција во квалификациите за ЕУРО.
На прес-конференцијата по натпреварот, португалскиот стручњак на клупата на Полска беше главна тема на тамошната јавност поради неговото крајно чудно однесување.
Fernando Santos has Poland currently second bottom in a group of Faroe islands, Albania,Cezch republic and Moldova. 😂😂😂pic.twitter.com/E2KGApHKcg
— L (@lanrrrre) September 10, 2023
Постојано се фаќаше за главата, го триеше лицето и зеваше одвреме-навреме. За момент многумина помислија дека ќе заспие.
Изгледаше како да ќе „умре“ од досада и дека во тој момент ќе беше каде било, освен со новинарите на конференцијата.
Се добива впечаток дека прави се за што поскоро да добие отказ, а со тоа и обештетување од Фудбалскиот сојуз на Полска, со оглед на играта на неговиот тим, кој не наликува на ништо. Не е исклучено тоа да се случи дури и во блиска иднина.
По пет кола, Полска има биланс од две победи и три порази и моментално ја зазема претпоследната позиција во својата група со мали шанси за пласман на ЕП.