УЕФА излезе со нова „генијална“ идеја, играчите ќе збеснат кога ќе ја слушнат

Од:

Управното тело на европскиот фудбал (УЕФА) неодамна ја шокира јавноста со иновативни идеи со цел наводно да ја подобри самата игра, а овие идеи честопати се прилично чудни.

УЕФА на тој начин ќе апелира до фудбалските сојузи кои се пласираат на ЕУРО следната година во Германија да патуваат со воз или автобус, се со цел да се намали емисијата на штетни гасови.

Исто така, на навивачите ќе им бидат понудени намалени цени за билети за воз и бесплатен јавен превоз. Со согорување на гориво, авионските летови произведуваат јаглерод диоксид и придонесуваат за климатските промени, па затоа УЕФА се надева дека ќе ги убеди сите да не користат летови на кратки релации за време на групната фаза.

Натпреварите во групната фаза се организираат по регион за да се олесни патувањето по копнен пат.

Натпреварите ќе се играат во регионите на север, запад и југ, што значи дека ќе биде попогодно патувањето со железница или по копнен пат. Може да дојде до промени доколку репрезентациите се пласираат во нокаут фазата, а тие натпревари се играат на другиот крај на Германија.

Сосема е сигурно дека оваа идеја нема да им се допадне на фудбалерите кои и онака се преоптоварени со голем број натпревари во текот на една сезона.

УЕФА сериозно размислува за воведување и на вајлд-карта, односно специјална покана за Лигата на шампионите.

Со ова би се отворила вратата за најелитното европско фудбалско натпреварување за саудиските клубови кои летово прават голем бум на трансфер пазарот и стануваат се посилни.

Од сезоната 2024/2025. се менува целиот формат на Лигата на шампионите, па наместо 32 екипи ќе учествуваат 36.

Наместо досегашната поделба во осум групи по четири клуба, сите клубови ќе бидат во една група од 36 екипи, а по волја на ждрепката ќе се одлучува кој со кого ќе игра.

Би можело да ве интересира

Тој ја однесе репрезентацијата на ЕУРО и веднаш даде оставка

ВИДЕО: Чудно однесување на полскиот селектор на прес-конференција по поразот од Албанија

Предраг Петровиќ

Квалификации ЕУРО2024: Утре почнува продажба на влезници за гостувањето на Италија

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Белорусите пристигнаа во Србија на квалификацискиот меч, а УЕФА планира да ги исклучи

Предраг Петровиќ

Македонија ја победи Малта со 2:1

Ана Ололовска