ВИДЕО: Челси ја освои титулата во Лигата на шампионите

Од:

Челси е годинашниот победник во Лигата на шампионите откако го совлада Манчестер Сити со 1-0 во финалната пресметка на „Драгао“ во Порто.

Каи Хаверц е херојот на лондонските „сини“, успеа во 42.минута да го совлада Едерсон по одличната асистенција на Мејсон Маунт.

Тоа е дебитантски погодок на германскиот интернационалец во елитното европско натпреварување и го постигна во вистински момент.

Тимот на Пеп Гвардиола го доживеа само вториот пораз на последните 30 натпревари, но токму во битката за трофејот.

Томас Тухел успеа да го подигне Челси на такво ниво за да може физички да го неутрализира составот на неверојатниот тактички маг Пеп Гвардиола.

Во вториот дел, Кристијан Пулишиќ имаше одлична шанса и за втор погодок, но Едерсон излезе како победник во дуелот. Манчестер Сити остана без капитенот Кевин де Бруин по жестокиот дуел со Рудигер, а потоа Гвардиола фрли се на една карта и ги уфрли во игра Габриел Хесус и Серхио Агуеро.

Но, Челси одигра одлично во одбраната, во средниот ред царуваше Нголо Канте, а и Менди беше присебен на голот кога тоа беше потребно.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

Манчестер Сити може да загуби 40 бодови

А1он

Американка во Челси – најголемиот трансфер во историјата на женскиот фудбал

А1он

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он