Европскиот првак Челси ја освои и светската клупска титула откако во финалната пресметка во Абу Даби, по продолженија, го совлада бразилскиот тим Палмеирас со 2-1. Тимот на Томас Тухел беше поснаодлив, го издржа притисокот и на крајот успеа да слави по голема битка.
Ромелу Лукаку го доведе Челси во водство во 55.минута, а Палмеирас израмни девет минути подоцна од пенал, откако реализираше Рафаел Веига.
Мечот отиде во продолженија, а во финишот беше досуден пенал за Челси. Успешен реализатор беше Каи Хаверц за триумф од 2-1 и светска клупска титула за Челси.