Уругвај наорави подвиг и го елиминираше Бразил од Копа Америка по подоброто изведување пенали (0:0, 4:2) и се пласираше во полуфиналето. Во полуфиналните дуели Аргентина ќе игра против Канада (вторник), а Уругвај против Колумбија (среда).
„Кариоките“ направија се да го решат мечот во регуларниот дел, но не успеаја во тоа иако од 74. минута играа со фудбалер повеќе по црвениот картон на Нахитан Нандез. Селекторот на бразилската селекција, Дорувал Жуниор уфрли пет нови фудбалери во последните деет минути од регуларниот дел, но и покрај нивната свежина резултатот остана 0-0, па мораше да се шутираат удари од белата точка. Едер Милитао промаши пенал во првата, а Даглас Луис во третата серија, додека прецизни беа Андреас Переира и Габриел Мартинели. За Уругвај промаши само Хосе Хименез, а погодија Федерико Валверде, Родриго Бентакур, Хорхијан де Араскаета и Мануел Угарте.