ВИДЕО: Атланта со 13 победи во низа

Од:

Победничката серија на Атланта продолжи и ноќеска кога „јастребите“ успеаја да го совладаат Детроит за 13 триумф по ред.

Атланта последниот пораз го има на 26 декември од Милвоки, а на последните 29 натпревари има победено на 27.

Пол Милсеп и Мајк Скот со по 20 поени беа најзаслужните за успехот со Детроит.

Резултати на 12. НБА натпревари одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник: Шарлот – Минесота 105:80, Вашингтон – Филаделфија 111:76, Атланта – Детроит 93:82, ЛА Клиперс – Бостон 102:93, Голден Стејт – Денвер 122:79, Мемфис – Далас 95:103, Хјустон – Индијана 110:98, Њујорк – Њу Орлеанс 99:92, Кливленд – Чикаго 108:94, Милвоки – Торонто 89:92, Портланд – Сакраменто 98:94 и Феникс – ЛА Лејкерс 115:100.

Табела Источна конференција: Атланта 34-8 (победи-порази), Вашингтон 29-13, Торонто 27-14, Чикаго 27-16, Кливленд 22-20, Милвоки 21-20,…

Табела Западна конференција: Голден Стејт 33-6, Портланд 31-11, Мемфис 29-12, Хјустон 29-13, Далас 29-13, ЛА Клиперс 28-14, Сан Антонио 26-16, Феникс 25-18,…

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он