Македонскиот првак Шкупи загуби од Динамо Загреб во Скопје со 0:1 и доживеа елиминација од квалификациите во Лигата на шампионите. Сега ќе го продолжи настапот во плејофот за пласман во групите од Лигата на Европа против Шамрок Роверс.
Стрелец на победничкиот гол за Динамо Загреб беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми во 47.минута. Тој го искористи додавањето на нововлезениот Лука Менало и ја затресе мрежата на Шкупи.
Бруно Петковиќ во 45.минута ја имаше најубавата шанса за Динамо Загреб во првиот дел. Напаѓачот излезе сам пред голманот Наумовски, но се одлучи на дриблинг, и на крајот одбраната на Шкупи интервенираше.
Претходно, Петковиќ не ја зафати топката со глава во 18.минута, а шанса имаше и Иванушец. Сепак, не се тресеше мрежата на Шкупи.
И македонскиот првак имаше свои добри моменти. Валид Хамиди шутираше во 15.минута директно во Ливаковиќ, а Џелил Абдула со глава испрати пут над голот.
Шкупи опасно се закани во 41.минута, кога Реналдо Цефас побегна по десната страна, шутираше силно, но за малку не погоди во спротивниот агол.
Шкупи даде силен отпор, но на крајот балканскиот гигант Динамо Загреб го продолжува патот во третата рунда од квалификациите за ЛШ.