ВИДЕО: Аргентина ја совлада Панама со 2:0, Меси со 800 гола во кариерата

Од:

Фудбалерите на Аргентина го одиграа првиот натпревар како актуелни светски шампиони, против Панама, каде Лионел Меси го постигна својот 800. гол во кариерата.

„Гаучосите“ го добија овој меч со 2:0, но резултатот на стадионот „Монументал“ не беше во преден план, туку самата атмосфера која владееше и внатре и надвор од стадионот.

Навивачите на преполниот Монументал ги пречекаа новите светски шампиони, иако спротивната страна воопшто не беше атрактивен противник.

Во текот на целиот натпревар од трибините грмеше песна која беше ветар во грбот на фудбалерите на Аргентина, а во еден момент со насмевка пролеаа неколку солзи Меси, тренерот Скалони, па дури и голманот Емилијано Мартинез.

Инаку, Аргентина не го совлада лесно противникот.

Иако резултатот не го покажува тоа, „гаучосите“ го разбија противникот во последните петнаесет минути, најпрвин Меси од слободен удар го доведе својот тим во водство.

Ова беше 800-ти гол на Меси во кариерата.

И Тиаго Алмада, кој го постигна својот прв гол во репрезентацијата, ќе ја памети оваа специјална партија до крајот на животот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 17-годишен тинејџер колабираше по натпреварот и почина во соблекувалната

Горан Наумовски

Меси си заминува од ПСЖ: Прифатени арапските милиони, но само под еден услов

Предраг Петровиќ

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најлудото дерби, тепачки и целосен хаос: Седум црвени и девет жолти картони

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Скандал: Џака како Зидан, удри противник со глава

Ана Ололовска

Почина легендарен шпански фудбалер

Предраг Петровиќ