ВИДЕО: 906 гол на Роналдо

Од:

Кристијано Роналдо ја продолжи својата голгетерска серија во Лигата на нации, ја погоди мрежата на Полска и ја удвои предноста на Португалија во Варшава.

Тоа беше 906. гол на Кристијано во кариерата.

Роналдо полека, но сигурно се движи кон својата следна цел, неразбирлива за многумина во овој момент од неговата кариера – 1000 гола.

Таа цел, сепак, ќе биде тешко остварлива дури и за гол-машина како што е Португалецот, кој и на 39 години немилосно ја „решета“ противничката мрежа и на клупски и на репрезентативен план.

Овој пат имаше лесна задача во „егзекуцијата“, во вистинско време се најде на вистинското место и ја смести топката од стативата во мрежата.

Претходно во 27. минута Бернардо Силва ги доведе гостите во водство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“

Кирјос за казната за Синер: „Нема правда…“

Синер објасни зошто прифатил суспензија: „Случајот ми висеше над глава една година“