Верстапен прогласен за спортист на годината во Холандија

Од:

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е прогласен за спортист на годината во Холандија, објави ТВ каналот „NOS“.

Во гласањето, 24-годишниот возач ги победи двократниот олимписки шампион во велосипедизам Хари Лавризен и победникот на Олимписките игри во Токио, Ник Киман.

На доделувањето на наградите, признанието го прими таткото на возачот, Јос Верстапен.

На крајот од сезоната 2021, Макс Верстапен ја освои својата прва шампионска титула во Формула 1, победувајќи го седумкратниот шампион Луис Хамилтон за 8 бода.

Верстапен ја освои шампионската титула претекнувајќи го Хамилтон во последниот круг на последната трка сезонава во Абу Даби.

Би можело да ве интересира

Верстапен продава еден од своите автомобили за добротворни цели

А1он

Макс Верстапен и Луис Хамилтон викендов се борат за историја

Ана Ололовска

Хамилтон му се приближи на Верстапен со триумфот во Катар

Ф1: Верстапен и Мекларен најомилени

А1он

Формула 1: Верстапен не чувствува притисок во борбата за титулата

А1он

Верстапен го сподели своето мислење за борбата помеѓу Ред Бул и Мерцедес на Големата награда на Италија

А1он