Пилот на Ред Бул, Макс Верстапен истакна дека не се смета себеси за прв возач во тимот.
Верстапен по четири трки во Формула 1 шампионатот се наоѓа пред колега Пјер Гасли со 38 бодови.
– Јас не се сметам себеси за број еден во Ред Бул. Никој во тимот не говори за такво нешто. И двајцата имаме еднакви шанси. Јас го правам истото што го правев минатата година. Работам за тимот. Од моја страна малку што се промени. Се разбира, стануваш поискусен. Но, би било погрешно да го промените вашиот пристап, изјави Верстапен.