Верстапен: Казната од 10 секунди несоодветна за Хамилтон, неговата прослава е непочитување и неспортско однесување

Од:

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, по трката за ГН на Велика Британија го обвини победникот на патеката „Силверстоун“ Луис Хамилтон од Мерцедес, за неспортско однесување и немање респект кон својот ривал.

– За среќа, добро сум, но многу разочаран што бев отстранет од трката на овој начин. Казната не ни помогна и не беше соодветна за опасното движење на Луис на патеката. Ја гледав прославата од болницата – тоа е непочитување и неспортско однесување, но ние продолжуваме понатаму, напиша Верстапен на Твитер.

Холанѓанецот беше исфрлен од патеката по судирот со Хамилтон во првиот круг. Британецот доби казна од десет секунди за овој инцидент.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур