Макс Вестапапен со Ред Бул го освои Бразилското Гран-при и ја забележа својата трета победа во Формула 1 сезонава.
Холанѓанецот беше над сите во Сао Паоло, не оставајќи сомнеж во однос на неговата супериорност. На патеката „Интерлагос“ вечерва видовме сè – претекнувања, несреќи, и најмногу драма до последниот момент, буквално.
RACE CLASSIFICATION
…and breathe! How they crossed the line at Interlagos#BrazilGP ?? #F1 pic.twitter.com/KU2VGwTTjo
— Formula 1 (@F1) November 17, 2019
Пилотите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел испаднаа по меѓусебен судар, а карираното знаме не го виде ниту Валтери Ботас со неговиот Мерцедес.
Фантастичното второ место го освои Пјер Гасли со Торо Росо, додека Луис Хамилтон остана трет, откако претходно имаше инцидент со Алекс Албон.
Тоа беше претпоследниот старт на сезоната пред трката во Абу Даби.
Веќе стана јасно и кој го освојува шампионатот оваа сезона – Луис Хамилтон, кој веќе е само на титула од легендата на Ферари, Михаел Шумахер со 7 титули.