Венгер преговара со Милан

Од:

Легендарниот менаџер Арсен Венгер е близу до преземање на Милан, објави „Франс Фудбал“.

Венгер (69) е без клуб откако го напушти Арсенал на крајот од минатата сезона, по 22 години на кормилото.

Во неодамнешно интервју тој потврди дека се враќа во фудбалот, давајќи си рок до почетокот на 2019 година. По таа изјава, тој веднаш беше поврзуван со премин во Баерн Минхен, Реал Мадрид, Фенербахче и дури кинескиот национален тим.

Според информациите од татковината на тренерот сепак, Венгер е во контакт со Милан веќе неколку недели, откако е подготвен да го замени Џенаро Гатузо на чело на тимот.

Сепак, во неодамнешните натпревари, „росонерите“ покажуваат добри резултати, и покрај тешкиот старт, а во моментов се на 4 место на табелата во Серија „А“.

Интересно е дека директорите на хеџ фондот „Елиот“, кој во моментов управува со Милан на чело со Пол и Гордон Сингер, се големи навивачи на Арсенал, а според „Франс Фудбал“ тоа ќе одигра глава улога Венгер да го преземе клубот порано или подоцна.

Би можело да ве интересира

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Ново засилување во Милан

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Голманот колабира пред мечот на гигантите, телевизискиот пренос прекинат

Предраг Петровиќ

Милан има нов напаѓач

Предраг Петровиќ