Венгер предлага Светско првенство на секои две години

Од:

Претседателот на одделот за глобален фудбалски развој при ФИФА, Арсен Венгер, предложи измени во тековниот календар на натпреварите на националните тимови.

Идејата на Венгер е да се играат седум квалификациски натпревари за СП наместо сегашните 10. Во исто време, бројот на денови за нив би се намалил од 50 на 28.

– Се залагам за една пауза за меѓународни натпревари, максимум два, наместо сегашните пет. Дозволете им на репрезентациите да се сретнат во октомври, да одиграат седум квалификациски натпревари за еден месец, а потоа да го одржиме финалниот турнир во јуни. Ова ќе резултира со помалку патувања за играчите, поголема јасност и помалку повреди. Ние сакаме да го намалиме бројот на натпревари. Ова е многу важно, така што можеме да ја видиме состојбата на играчите, изјави Венгер.

Поранешниот селектор на Арсенал смета дека ваквите реформи ќе овозможат почесто одржување на големи турнири.

– Ние гарантираме период на одмор по секој турнир. Замислете го ова: Светско првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада; 2027 година – Европско првенство и други континентални турнири; следното светско првенство во 2028 година и така натаму. Повеќе елиминациски натпревари, помалку квалификациски игри. Ова е она што го сакаат навивачите, смета Французинот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он