Скопските велосипедисти започнаа да возат по новата шумска патека која се прави кон врвот на Водно и е наменета исклучиво за велосипеди.
Тие коментираат дека на патеката која минува низ живописната шума на Водно и се потребни уште неколку ситни детали за да биде подготвена за употреба и апелираат граѓаните да ја одржуваат чиста.
Досега велосипедистите за искачување на Водно ги користеа патеките кои беа наменети за планинарење и постојатно се користат од рекреативците, па често се случуваа и незгоди кога велосипедисти се симнуваа од планината, а налетуваа на планинари од спротивната страна.
Освен велосипедската патека за нагоре, се гради уште една која ќе биде само за возење во правец надолу по Водно.