Велешки пливачки маратон на езерото „Младост“

Од:

Во недела на Езерото „Младост“ кај Велес ќе се одржи четвртиот Велешки пливачки маратон во организација на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ и Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес, под покровителство на oпштина Велес.

Како што информира на денешната прес-конференција Роберт Папазов од организациониот одбор и годинава ќе се плива во три категории на 2,5 на 5 и на 10 километри во олимписка дисциплина во машка и женска конкуренција.

– Заради безбедноста на пливачите годинава патеката е потесна и подолга, информира Папазов.

Според Илија Попов од организациониот одбор, обезбедени се врвни судии, а за безбедноста на пливачите ќе се грижат кајакарите од велешките клубови и 30 спасители од Службата за безбедност на вода на Општинскиот Црвен крст, кои ќе бидат распоредени во чамци, кајаци и на брегот на езерото по претходно организирани пунктови.

– Досега се пријавени 40 во рекреативниот и 30 во натпреварувачкиот дел, а за најдобрите се обезбедени и парични награди, информира Попов.

Стартот е во недела на 27 август во 10 часот за рекреативците и во 12 часот за професионалците во машка и женска категорија.

Како што информираат од организациониот одбор пријавувањето во сите категории трае до петок.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски