Вечерва почнува хокеј турнир во „Борис Трајковски“

Од:

Од денеска до недела на лизгалиштето при спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, почнува меѓународниот хокеарски турнир „Ајс фестивал“, а на кој ќе учествуваат четири тима од кои два се македонски.

Овој турнир се одржува седма година по ред, а почнува во 18:30 часот со дуелот на Интернационал и Македонија јуниори. Во интернационалниот тим ќе има хокеари од целиот свет, додека кај нашите јуниори ќе настапат играчи до 23 години.

Потоа од 20:30 часот, клубот Вардар ќе си ги одмери силите со романски Торпедо од Букурешт, тим кој трета година доаѓа во Скопје. Утре се играат преостанатите мечеви секој со секого, а в недела се натпреварот за трето место и финалето.

Би можело да ве интересира

Кинеската хокеарска репрезентација нема да биде отстранета од Олимпијадата во Пекинг

А1он

Продолжуваат преговорите меѓу МОК и ИХФ за учество на хокеарите од НХЛ на Олимпијадата 2022

Ана Ололовска

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Ана Ололовска

Сезоната во НХЛ може да почне на 13 јануари

Ана Ололовска

Тампа беј го освои Стенли купот по втор пат во историјата

Ана Ололовска

Далас стигна до финалето на Стенли купот за прв пат по две децении

Ана Ололовска