Вавринка го совлада Чилиќ, во полуфиналето ќе игра со Федерер

Од:

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка го победи Марин Чилиќ (Хрватска) со 2-1, по сетови 6:3, 4:6 и 6:3 во последниот меч од групната фаза за Мастерс турнир што се одржува во Лондон.

Ова беше само втор дуел на годинешниот турнир во Лондон на кој се играа три сета. На крајот Вавринка славеше нанесувајќи му го третиот пораз на хрватскиот тенисер.

Во полуфиналето Вавринка ќе игра со својот сонародник Рожер Федерер.

Претходно полуфинален меч на завршниот АТП турнир обезбедија Новак Ѓоковиќ (Србија) и Кеи Нишикори (Јапонија).

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров