Вавринка го освои Ролан Гарос

Од:

Швајцарецот Стан Вавринка е победник на годинашното Отворено тениско првенство на Франција. Тој за нешто повеќе од три часа игра во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ (Србија) со 3-1 во сетови (4:6, 6:4, 6:3 и 6:4).

Првиот светски рекет по поразот од осмиот носител на турнирот, остана без трофејот кој му недостасува во неговата богата колекција и ќе чека друга шанса за да се приклучи на седумтемината тенисери кои победиле на сите четири Грен слем турнири.

Вавринка по денешната победа ќе освои нови поени и ќе напредува на АТП листата, додека Ѓоковиќ ги одбрани поените освоени со ланскиот пласман во финалето, па и натаму останува убедливо на првото место на АТП.

Швајцарецот од големите турнири трофеј има и од Австралија Опен во 2014 година, Ѓоковиќ останува на осумте титули.

Ова беше само четврта победа за Вавринка во меѓусебните 21 дуел, но вредна трофеј во Париз.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров