Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Од:

Ватерполистите на Србија дојдоа на чекор од одбрана на олимпиското злато по пласманот во финалето на Олимписките игри во Париз.

Во полуфиналето популарните Делфини се соочија со репрезентацијата на САД која ја совладаа со резултат 10:6.

Србија клучната предност ја направи во втората четвртина од денешниот натпревар, која ја доби со 4:2, откако првата и третата четвртина беа по 2:2.

На пет минути до крајот Србија дојде до +3 (9:6) со голот на Никола Јакшиќ и тогаш беше јасно дека Америка е пред невозможна мисија.

Заврши со резултат 10:6 во корист на Србија, која на тој начин се пласираше во финалето и дојде на чекор до златото, обезбедувајќи барем сребрен медал.

Србија денеска со четири гола ја предводеше фантастичниот Никола Дедовиќ, три постигна споменатиот Јакшиќ, а по еден Сава Ранѓеловиќ, Немања Вицо и Петар Јакшиќ.

Во Америка прво име беше Марко Вавиќ со два погодоци.

Во големото финале на Олимписките игри, Србија го чека подобриот од вечерашниот дуел меѓу Хрватска и Унгарија.

Србија во финалето ќе го брани златниот медал од Токио, од Олимписките игри пред три години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?