Во супер интересен и драматичен натпревар Португалија ја совлада Данска со 3:2, со победничкиот гол на Варела во 87. минута.
Во 24. минута Португалците поведоа со 1:0 со голот на Пепе, по корнерот на Мурињо. Во 36. минута извонредна акција на Нани, Постига го удвои водтвото.
Бентнер пред крајот на првиот дел ја врати надежта кај Данците, по асистенција на Крон Дели биеше со глава во небранетата мрежа.
Во 81. минута казната за промашенте сто постотни шанси на Роналдо стигна од Бентнер, кој повторно со глава по центаршутот на Јакобсен изедначи на 2:2.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, резервистот Варела успеа да ги врати двата бода на контото на Португалија.
Вечерва се игра вториот меч од оваа група во кој се среќаваат Германија и Холандија.