Ракометарите на новиот европски првак Вардар со победата постигната попалднево во Велес против Борец ја освоија 11.та титула шампион на Македонија. Во последниот натпревар од 10.коло од плеј офот Вардар победи со 36:28 (15:12). Вардар и Металург имаат ист број бодови, но во меѓусебниот дуел Вардар е подобар.
Тимот од Велес на моменти беше конкуренетен и во еден момент намали на 20:21 по што тренерот на Вардар, Раул Гонзалез мораше да бара тајм аут.
Денешниот натпревар за тројца играчи на Вардар: Петар Ангелов, Алекса Душебаев и Александер Деревен беше последен во „црвено-црниот“ дрес.
Доделувањето на шампионскиот пехар и медалите ќе се одржи вечерва во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 21 часот.
Конечна табела: Вардар 27 бодови (шампион), Металург 27, Еурофарм Работник 12, Охрид 12, Пелистер 12, Борец 0