Вардар победник на Кањижа купот

Од:

Ракометарите на македонскиот првак Вардар го освоија првото место на Кањижа купот, откако синоќа во финалето го совладаа унгарскиот тим ПИК Сегед со 22:19 (11:9). Со овој триумф „црвено-црните“ им се реваншираа на Унгарците за ланскиот пораз во финалето на истиот турнир.

Претходно Вардар во рамките на групата ги победи екипите на Горење (30:24) и на Партизан (40:28).

Најефикасен на финалето беше играчот на Вардар Игор Карачиќ со 7 голови, а воедно ја доби и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот, додека голамнот Арпад Штербик беше прогласен за најдобар голман.

Во дуелот за третото место Нексе го победи Горење со 24:22.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa